НАТО ќе ја снабдува Турција со ракети Патриот за заштита од Сирија

Илустрација.

Се очекува министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на денешниот состанок во Брисел да го одобрат барањето на Турција за снабдување со противракетни проектили за одбрана од ракетите и авионите што може да ја загрозат Турција од соседна Сирија. Според извештаите, се очекува САД и Холандија да ја снабдат Турција со ракети Патриот кои се користат за пресретнување противнички проектили и авиони.

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Турција дека распоредувањето ракети Патриот долж границата со Сирија може да ги засили непријателствата. Путин вчера се сретна со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Истанбул. Турција постојано повикува на соборување на режимот на Башар ал-Асад, додека Русија, која е традиционален сириски партнер, се противи на надворешна интервенција во сирискиот конфликт.