Претставници на британската кралска фамилија соопштија дека внукот на кралицата Елизабета, принцот Вилијам и неговата сопруга го очекуваат своето прво дете. Принцот Вилијам е втор во кралската лоза на престолонаследници по неговиот татко Принцот Чарлс. Кралкиот пар војводата и војвотката од Кембриџ се венчаа минатата година во април.