Грчките власти го испитуваат списокот на брзо збогатени лица

Грчката даночна служба го испитува списокот на брзо збогатени лица, меѓу кои има политичари, поранешни министри и бизнисмени. Списокот содржи имиња 1.747 лица. Медиумите јавуваат дека на списокот се имињата на поранешен лидер на партија, поранешни министри, пратеници, бизнисмени, спортски работници, адвокати и лекари. Грчките медиуми списокот на даночната служба го поистоветуваат во „листата на Лагарад“, на која се наоѓаат имињата на Грци со големи депозити во швајцарски банки, кои изнеле огромни парични сметки во странство, со цел да не плаќаат данок.