Поради загадување на воздухот затворени училишта во Иран

Иранските медиуми јавуваат дека училишта, универзитети и институции ќе бидат затворени во следните два дена во Техеран поради високиот степен на загадување на воздухот. Банките и болниците ќе останат отворени, но властите апелираа граѓаните да избегнуваат движење низ градот доколку немаат неопходна потреба од тоа. Загадувањето на воздухот предизвикано од издувните гасови на возилата, во изминативе неколку дена во Техерен е во раст.