ЕУ покрена антимонополска истрага против бугарска компанија

Европската комисија денеска соопшти дека покренала антимонополска истрага против Бугарскиот енергетски холдинг поради сомневање дека компанијата ја злоупотребува својата доминантна пазарна позиција за да ја ограничи конкуренцијата. Во соопштението на комисијата се наведува дека постојат сомневања дека БЕХ ја попречува конкуренцијата на пазарот на електрична енергија на големо во Бугарија и во соседните членки на ЕУ, што претставува кршење на антимонополските прописи. Комисијата ќе ги испита одредбите од договорот за снабдување со електрична енергија кои ги договорија филијалите на БЕХ, а кои „би можеле да ја ограничуваат слободата на нивните трговски партнери во испораката на електрична енергија купена од БЕХ“.