Јужна Кореја бара од Северна Кореја да се откаже од плановите

Јужна Кореја побара денеска од Северна Кореја да се откаже од најавата за лансирање на ракета во средината на декември. Во соопштението од јужнокорејските власти е наведено дека меѓународната заедница и САД бараа од Северна Кореја да се откаже од плановите веднаш и да престане да се однесува провокативно.