Авганистан им забрани на странските војници да апсат

Авганистанскиот национален безбедносен совет соопшти дека странските мисии во државата не смеат да апсат Авганистанци или да ги притвараат. Во соопштението е наведено дека со таквите постапки се нарушува авганистанскиот суверенитет. Ова е одговор на минатонеделната одлука на Британија да го суспендира предавањето на осомничени бунтовници на авганистанските безбедносни сили.
Лондон изрази загриженост за можна злоупотреба и тортура на затворениците од страна на авганистанските власти.
Во неделата претседателот Хамид Карзаи им нареди на безбедносните агенции да го истражат присуството на британскиот притвор во Авганистан и да ја преземат контролата врз него без одложување.
Во март авганистанската влада потпиша договор со САД за преземање на контролата врз затворите но Британија не беше дел од договорот.