Инспекција на тунелите во Јапонија

Јапонија нареди инспекција на тунелите во земјата откако девет луѓе загинаа по вчерашното уривање на тунелот под планината Фуџи, на 80 километри од Токио при што загинаа девет луѓе. Се прецизира дека посебно ќе бидат испитувани тунелите што биле изградени во текот на 60 и 70 години од минатиот век.