Клинтон пристигна во Прага

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Прага, првиот град кој го посетува во рамките на својата европска тура. Клинтон ќе се сретне со чешкиот државен врв на разговори за зајакнување на чешката енергетска независност. Се очекува државниот секретар да ги охрабри Чесите да подржат американска наместо руска компанија која ќе се ангажира за изградба на нов нуклеарен капацитет вреден милијарда долари.