Телото на либиски опозиционер пронајдено по 19 години

Либиските власти денеска му оддадоа почит на клучниот опонент на режимот на Моамер Гадафи, Моасоур ал Кикхиа, чие што тело беше пронајдено во мртовечницата по 19 години откако беше прогласен за исчезнат. Во соопштението од министерството за надворешни работи беше наведено дека Гадафи повеќе се плашел од противникот мртов отколку жив, затоа што тоа го покажува фактот дека Кикхиа бил убиен и криен во мртовечница наместо да биде закопан.
Тој беше либиски министер за надворешни работи и подоцна и амбасадор во ОН пред да се приклучи во опозицијата во 1980 година. Неговото исчезнување беше евидентирано во 1993 година кога Гадафи започна кампања против неговите противници кои живеат во странство. Гадафи минатата година беше фатен и убиен во неговиот роден град Сирт, по неколку месечните битки во обид да се урне режимот во Либија.