Повредени демонстранти во Мексико

Илустрација

Ститина демонстранти се повредени при нередите што се случија во неколку области на Мексико сити за време и по свеченото преземање на должноста на новиот претседател Енрике Пења Нијето, а 92 демонстранти се приведени. Локалните власти соопштија дека судирите избиле кога група демонстранти почнале да кршат излози и да фрлаат со молотови коктели кон полицијата. Инаугурацијата беше проследена со протестни акции на опозицијата која не ги признава резултатите од гласањето на изборите во јули годинава, според кои Пења Нијето освои 38,21 отсто од гласовите на избирачите.