Харадинај подготвен за соработка со Тачи

Претседателот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај изјави синоќа во интервју за косовска телевизија дека е подготвен да соработува со косовскиот премиер Хашим Тачи и да поддржува разговори за нормализација на односите Приштина и Белград. Харадинај пред неколку дена беше ослободен од Хашкиот трибунал од вината за злосторства врз цивили извршени во Косово во 1998 година.
Тој додаде дека му се познати предизвиците со кои се соочува Владата и изрази поддршка за „разговорите за нормализација на односите со
Србија“, истакнувајќи дека грешат сите оние кои мислат дека тоа не е тема
од национално значење.