Израел ќе задржи 100 милиони долари од палестинските даноци

Израелскиот владин кабинет соопшти дека ќе задржи над 100 милиони долари од даноци и други приходи кои ги Израел ги собира во име на палестинската власт. Овој потег доаѓа како казна за минатонеделниот успех на палестинската власт за унапредување на статусот во Обединетите Нации. Во продолжение на соопштението е наведено дека парите ќе бидат наменети за плаќање на долгот на палестинските власти кој израелската компанија за електрична енергија.