Белград: хашките осуденици да ја отслужуваат казната во Србија

Српскиот вицепремиер и претседател на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ изјави дека Србија повторно ќе покрене иницијатива пред Хашкиот суд и ОН нејзините државјани кои се осудени во Хаг, да ги отслужуваат казните во Србија.
Тој појасни дека формалната одлука мора да ја донесе Советот за безбедност на ОН, кој го основа Хашкиот суд, но и дека Трибуналот мора да даде свое мислење.
Љајиќ додаде дека Националниот совет за соработка со Хаг неколку пати му пишал на Бан Ки-мун и барал Србија да се впише во списокот на 17 земји кои потпишале договор со Хаг за издржување на казната.