Времето викендов облачно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во недела ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег.