Харадинај во новата косовска влада?

Рамуш Харадинај

Опозициската „Алијанса за иднина на Косово“, чиј лидер Рамуш Харадинај вчера Хашкиот трибунал го ослободи од сите обвинувања за воени злосторства ќе влезе во новата косовска влада, јавуваат медиумите во Приштина, кои додаваат дека за тоа веќе бил постигнат договор со владејачката Демократска партија на Косово. Се уште, како што се наведува, двете партии би требало да ја договорат поделбата на ресорите во владата.