Воен удар нема да ја запре иранската нуклеарна програма

Иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија Азгар Солтанија денеска во Виена изјави дека Иран ќе ги обновел сите постројки за збогатување ураниум и доколку тие би биле уништени во евентуален напад. „Ниту воен удар нема да не спречи од нашата нуклеарна програма„ изјави тој по состанокот на Агенцијата, додавајќи дека Иран никогаш нема да се откаже од таа намера.