СБ: заем на Македонија од 50 милиони долари

Светска банка одобри програмски заем за конкурентни развојни политики за Македонија во износ од 50 милиони долари. Заемот е првиот од двете програмски активности кои ќе ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија. Проектот, како што соопшти Канцеларијата на Светска банка во Македонија, ќе придонесе, меѓу другото, за мотивирање на продуктивните инвестиции и технолошка надградба на производството, агробизнисот и секторот за трговска логистика, како и креирање на услови за прогресивно зголемување на флексибилноста на пазарот на труд.