ЕУ амбасадорите в среда за Македонија

Амбасадорите на Европската унија за в среда го одложија заклучокот во врска со препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија на декемврискиот Самит на Европскиот совет. Ова за агенцијата МИА го изјавил портпаролот на кипарското претседателство со Унијата Никос Христодулидис. Пред самитот на Унијата заклучок треба да биде донесен и на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на министерско ниво.