Јапонија ја поттикнува економијата

Јапонската влада подготви финансиски пакет од над 10 ипол милијарди долари за стимулирање на растот на стагнирачката економија. Парите ќе бидат наменети за социјални програми, отворање нови работни места и поддршка на малите и средни претпријатија. Индустриското производство во Јапонија веќе четири месеци бележи пораст. Сепак, според анкетите, на изборите на 16 декември се очекува владејачката Демократска партија да загуби голем број гласови.