Британија:Повик за ново регулаторно тело за прес

Високиот Британски судија повика да се формира ново, независно тело поддржано од законодавството што ќе го контролира печатот и ќе го елиминира неетичкото однесување. Лордот на правдата, Брајан Левесон спроведе осуммесечна истрага за културата и практиките на британскиот печат. Истрагата започна по скандалот со хакираните телефони од страна на новинари на таблоидот „News of the world“ на Руперт Мардок.