Грците стравуваат за своите работни места

Околу 60 проценти од Грците стравуваат дека во следните 12 месеци ќе останат без работа, покажуваат анкетите. Вкупно 45,8 од Грците сметаат дека земјата на крајот ќе го напушти еврото и ќе излезе од еврозоната, додека 47,5 мислат дека ќе остане во зоната на заедничката европска валута.