Египетскиот устав ќе се базира на Шериетското право

Демонстранти поставија шатори на плоштадот во Каиро

Египетското собрание денеска гласаше да се задржи принципот на Шериетско право, односно исламскиот закон ќе се користи како основен извор за легислативата во новиот устав.
Парламентарците со анонимно гласање го одобрија задржувањето на формулацијата која се користеше во уставот во минатиот режим на Хосни Мубарак.
Се очекува дека донесувањето на новиот устав ќе придонесе за намалување на тензиите кои се покренаа поради декретот на претседателот Мохамед Морси со кој тој си ги зголеми своите овластувања и моќи. Критичарите сметаат дека со избрзување на уставот ќе се влоши ситуацијата.