Намалена каматна стапка за извозни компании

Гувернерот Димитар Богов

Намалување на каматната стапка од половина до еден процент за кредитите наменети за извозните компании и проекти за производство на електрична енергија. Оваа одлука ја донесе Народната банка на денешната седница на Советот. Гувернерот Димитар Богов изјави дека станува збор за неконвенционална мерка на монетарната политика со цел ублажување на последиците од кризата. Тој додаде дека со оваа мерка ќе им се намали трошокот од монетарната политика на банките и ќе има простор да добијат подобри услови и да се намали каматата.
Мерката, според Богов, ќе има позитивно влијание на платниот биланс, девизните резерви, ценовната и финансиската стабилност.