Најмалку 6 луѓе загинаа во Пакистан

Најмалку 6 луѓе загинаа во севернозападниот дел на Пакистан при експлозија на бомба. Станува збор за тинејџер бомбаш самоубиец кој ја активирал бомбата во Северен Вазиристан. Портпаролот на група милитанти соопшти дека при нападот е ранет командантот на групата Маулви Назир кој неодамна потпиша мировен договор со владините безбедносни трупи. При експлизијата загинале тројца борби од милитантската група и три цивили. Се уште никој не презел одговорност за нападот.