Забранети видеата на „Пуси Рајот “ во Русија

Судот во Москва денеска донесе одлука дека четирите видеа напревени од феминистичката панк група „Пуси Рајот“ се екстремистички. Во одлуката на судот е наведено дека пристапот до овие видеа на сите интернет страни треба да биде лимитиран. Доколку не се почитува судската одлука предвидена е казна од 3 илјади долари за администраторот на интерент страната кој нема да го отстрани видеото со „Пуси Рајот“. Едно од спорните видеа е она со нивниот перфоманс во московската црква каде што простираа против претседателот Владимир Путин.