Нетанјаху: Палестинците ќе добијат држава кога ќе ги исполнат условите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека признавањето на новиот палестински статус во ОН нема да го забрза исполнувањето на нивното барање за добивање држава. Тој изјави дека Палестинците нема да добијата своја држава се додека не го признаае Израел како еврејска татковина, додека не прогласат прекин на војната со Изралеците и додека не се согласат на безбедносните ангажмани кои го штитат Израел. До сега палестинското раководство се противеше на овие декларации затоа што смеаат дека тие водат кон поткопување на нивните барања за враќање на палестиснките бегалци.
Денеска во ОН ќе се гласа за унапредување на палестиснкиот статус во организацијата од „набљудувач“ во „држава не- членка“