Карла дел Понте: Не сум изненадена за одлуката за Харадинај

Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте денеска изјави дека не е изненадена од ослободителната пресуда на Рамуш Харадинај, Идриз Баљај и Лахи Брахимиј.Таа истакна дека истрагата против Харадинај била многу тешка, затоа што обвинителството немало соработка со Косово а со тоа имале и проблем да соберат доволно докази за обвинението.