Временска прогноза-облачно со пообилни врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд и со засилен ветер од јужен правец. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, се очекува локално да наврнат повеќе од 20 литри на метар квадратен.
Преку денот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 10 до 15 степени.
Во Скопје слично време, со утринска температура околу девет и со дневна до 14 степени.