Британија бара одложување на палестинското барање

Британскиот секретар за наворешни работи Вилијам Хејг денеска во лондонскиот парламент изјави дека побарал од палестинскиот претседател Махмуд Абас привремено да го повлече предлогот за гласање во Генералното собрание на ОН за унапредување на палестинскиот статус во организацијата. Тој објасни дека според нивна гледна точка подобро е сега да и се даде шанса на американската администрација да стартува нова иницијатива за мировни преговори со цел подобрување на односите меѓу Палестинците и Израелците.
Хејг истакна дека утрешното гласање за унапредување на палестинскиот статус може само да ги продлабочи разликите и оддалечи од билатерални преговори со Израел.