Грчките лидери го поздравија договорот постигнат во Брисел

Лидерите на грчката трипартиска коалициска Влада денеска одржаа состанок на кој разговараа за договорот кој министрите за финансии од еврозоната и ММФ го постигнаа во врска со грчкиот долг. Лидерите на партииите по состанокот го поздравија договорот и истакнаа дека сега Грција треба да се фокусира на развој и создавање на работни места, како и за обезбедување сигурносна мрежа за најслабите членови на општеството.
Министрите за финансии од еврозоната и ММФ се согласија за формула која се очекува да го намали долгот на Грција од проектираните 189 проценти од БДП
следната година, на 124 отсто во 2020 година и да биде помал од 110 отсто во 2022 година.
Еврогрупата се согласи во декември на Грција да и додели сума од 34,4 милијарди евра од 43,7 милијарди кои требаше да ги добие оваа година, а останатите 9,3 милијарди ќе бидат доделени во три транши на почетокот од следната година.