Уапсени мажи кои претепале девојче до смрт во Авганистан

Двајца мажи беа уапсени денеска во северна провинција на Авганистан Киндиз поради сомневање дека се поврзано со убиството на 14 годишно девојче кое било претепано до смрт. Локалните власти соопштија дека осомничените побарале дозвола од родителите на девојчето, еден од нив да се ожени со неа, но родителите ги одбиле. Минатиот месец беа уапсени 4 мажи за убиство на 20 годишна девојка. Полицијата соопштила дека меѓу осомничените е и сопругот на жртвата, а мотив за убиството било одбивањето на девојката да се проституира.