Поставен дел од покривката на нуклеарниот реактор во Чернобил

Работниците го изградија првиот дел од структурата што треба да го покрие експлодираниот реактор во нуклеарната централа Чернобил во Украина. Европската банка за обнова и развој, која го води проектот, го оцени ова како голем чекор кон чистење на последиците од најголемата нуклеарна катастрофа во историјата што се случи во 1986 година. Кога ќе биде завршена во 2015 година, структурата во форма на лак ќе има распон од 257 метри и висина од 110 метри. По катастрофата од 1986 година, брзо беше изграден саркофаг за да се затрупа оштетениот Реактор 4. Официјалните бројки велат дека при експлозијата загинаа 31 луѓе, но многумина починаа подоцна поради последици од радијацијата.