Ештон во посета на Узбекистан

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, денеска е во посета на Узбекистан, втора земја што ја посетува во нејзината централноазиска турнеја. Таа во Ташкент пристигнува од главниот град на Киргистан Бишкек, каде што разговараше за безбедносни и енергетски прашања со петмина министри за надворешни работи од регионот. Ештон рече дека дека сака подлабока енергетска и трговска соработка на Европа со земјите од регионот. Таа рече дека се разговарало и за повлекувањето на странските војници од Авганистан во 2014 година и последиците што тоа може да ги има во Централна Азија. Се разговарало и за спорот за водните ресурси меѓу Узбекистан, Киргистан и Таџикистан. Ештон рече дека разговарале и за слободата на интернет, улогата на жените, како и за развој на парламентарни модели во земјите од регионот.