Франција ќе гласа „за “ унапредување на палестинскиот статус во ОН

Франција денеска најави дека во четврток на гласање во Обединетите Нации за палестинскиот статус ќе гласа „за “ унапредување од набљудувачки статус во „држава нечленка“ на ОН. Вчера Хамас изрази поддршка за барањето до ОН на палестинскиот претседател Махмуд Абас .
Хамас претходно се противеше на обидот на ОН затоа што тоа сметаа дека тоа значи да се бара директно признавање од Израел. Потегот е последен во обидите да се подобрат односите меѓу палестинските политички ривали. Абас е лидер на Западниот брег додека Хамас го има под контрола Појасот Газа каде што се водеше 8 дневен конфликт меѓу палестинските милитансти и Израелците.