Филе: Претставниците на БиХ не ги извршија обврските

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави денеска по завршувањето на вториот дијалог на високо ниво за процесот на пристапување на Босна и Херцеговина во ЕУ дека претставниците на државата не ги исполниле главните
обврски, кои се заложиле да ги остварат на состанокот во Брисел кон крајот
на јуни. Тој додаде дека се неопходни голем број политички, економски и
општествени реформи, кои треба да бидат спроведени следните години.