Ештон: ЕУ и Централна Азија имаат заеднички предизвици

Еврокомесарот за надворешна работа Кетрин Ештон при нејзината посета на Киргистан изјави дека ЕУ и Централна Азија се соочуваат со заеднички безбедносни предизвици и дека имаат голем потенцијал за трговска размена. Претходно таа заседаваше со евроазискиот состанок на кој присуствуваа министрите од Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркеменистан и Узбекистан. Ештон се сретна и со киргистанскиот претседател Алмазбекев Атамбаев. Таа во среда ќе пристигне во среда во Узбекистан а потоа патува за Таџикистан и Казахстан.