Телото на Арафат повторно закопано

мавзолејот на Арафат во Рамала

Телото на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат денеска повторно било закопано откако изутрината беше ексхумирано од меѓународни експерти за да се провери дали тој бил отруен. Експерти од Швајцарија, Франција, Русија и од палестинските територии учествуваа во ексхумацијата во мавзолејот на Арафат во Рамала. Во август годинава француските власти отворија истрага за убиство за смртта на Арафат во Париз во 2004 година, откако еден швајцарски институт соопшти дека е најдено високо ниво на радиоактивен полониум на облеката на Арафат. Многумина Палестинци веруваат дека Израел стои зад смртта на Арафат. Израел го негира тоа.