Нов изборен закон во Унгарија

архива

Унгарскиот парламент синоќа изгласа законот со кој се предвидува нова изборна процедура. Од сега сите што сакаат да гласаат ќе мораат да се регистрираат на секои четири години. Главниот аргумент на властите за воведување на ваквата регистрација бил фактот што голем број граѓани од соседните земји добиле унгарско државјанство, а со тоа и право на глас. Аналитичарите проценуваат дека во соседните земји имало околу половина милион унгарци со право на глас.