Одобрена нова транша од спасувачкиот пакет за Грција

Меѓународните кредитори на Грција постигнаа договор кој и одобрува на презадолжената земја да ја прими следната транша од спасувачкиот пакет. По разговорите во Брисел, министрите за финансии на еврозоната и ММФ се согласија да го намалат грчкиот долг за 40 милијарди евра, кратејќи го до 124 проценти од Бруто домашниот производ до 2020 година. Ова и го отвора патот на Грција да ја прими траншата од околу 44 милијарди евра за исплата на платите, пензиите и добавувачите во декември.
Конечното одобрување ќе зависи од националните парламенти согласно со договорот во некои земји.
Меѓународните кредитори на Грција се обврзаа да и дадат на земјата вкупно 240 милијарди евра во спасувачки кредити. Досега Атина добила околу 150 милијарди евра. Како услов за оваа помош Грција воведе непопуларни мерки на штедење.