Ештон се сретна со Саакашвили и Иванишвили

Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон денеска се сретна со грузикиот претседател Михаил Саакашвили и премиерот Бидзина Иванишвили во Тбилиси. Ова беше прва посета на Ештон по победата на колицијата „Грузиски сон“ на изборите минатиот месец. Во соопштението од кабинетот на Ештон по средбата е наведено дека таа ги повикала политичките ривали Иванишвили и Саакашвили да продолжат да придонесуваат за конструктивно владеење во Грузија. Во продолжение е наведено дека Ештон на средбата истакнала дека не треба да има одмазда меѓу ривалите