Обид за убиство на пакистански новинар

Пакистанскиот новинар Хамид Мир

Експлозив е пронајден во автомобилот на пакистански новинар Хамид Мир кој известуваше за талибанскиот напад врз девојчето Малала Јусуфзаи.
Талибанците им се заканувале на новинарот и на телевизијата во која работи поради нивното известување за девојчето кое беше нападно поради незјиниот блог во кој пишуваше за потребата за образование на девојчињата. Талибански милитанти ја преземаа одговорноста за нападот врз Јусуфзаи, која по нападот се лекува во британска болница. Пакистанската влада понуди награда од 500 илјади долари за информација за тој што ја поставил бомбата во автомобилот на Мир.
Годинава организацијата Репортери без граници го рангираа Пакистан како најопасната земја во светот за новинари.