СДСМ: Иванов и Груевски се сокрија од албанските гости

Андреј Петров, секретар на СДСМ.

Опозициската СДСМ денеска оцени дека вчерашната централна прослава на 100 годишнината од албанското знаме и државност била кулминација на неодговорно, погрешно и навредливо однесување на владините коалициски партнери. Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров изјави дека на прославата и претходеле провокации со поставување споменици, јарболи и огромни албански знамиња, без, како што рече, притоа на ниту едно место да биде ставено и државното знаме, како симбол на суверенитетот, со што се понижи македонското достоинство. Тој додаде дека дополнително понижување било што на салата „Борис Трајковски“ славеле премиерот на Албанија и на Косово, во отсуство на македонскиот претседател и премиер кои, како што вели, наместо да бидат домаќини се сокриле, едниот се сокрил во вилата на Водно, а другиот заминал во ненајавена посета на САД.