Филе: Хрватска посветена на решавање на останатите прашања

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Загреб изјави дека земјите од регионот кои целат кон членство во ЕУ треба да го искористат хрватското искуство и позитивниот замав кој ќе настане со влезот на Хрватска во Унијата на 1- ви јули 2013 година. Филе по разговорот со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ оцени дека земјата е на добар пат и дека е уверен оти е посветена на решавање на останатите прашања кои се нагласени во извештајот на Европската Комисија.