Еврогрупата во уште еден обид да најде решение за Грција

Јанис Стоурнас (Грција) и Кристин Лагард (ММФ)

Министрите за финансии од еврозоната денеска повторно ќе дискутираат за Грција откако минатата недела, не успеаја да се договорат со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард за формула за намалување на грчкиот долг.
Еврогрупата викендов одржа и телефонска конференција на која биле формулирани предлози за технички аспекти за стабилизирањето на грчкиот долг на среден рок. Предлозите ќе бидат поднесени за одобрување на денешната средба на која ќе учествуваат и претставници на ММФ, на Европската комисија и на Европската централна банка.
Грција веќе неколку месеци чека да добие транша од финансиската помош во вредност од 31,5 милијарди евра.