ВМРО- ДПМНЕ ги негира тврдењата на СДСМ

Не се точни тврдењата на СДСМ дека ќе се намалат пензиите на граѓаните стои во денешната реакција на ВМРО – ДПМНЕ по прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски. Во реакцијата е наведено дека законските измени за приватните пензиски фондови обезбедуваат сигурност за граѓаните, а еврообврзницата се издава за да донесе странски капитал однадвор, за да се подобри ликвидноста, односно да се доведат свежи средства во домашната економија.
Во продолжение на соопштението е наведено во минатото СДСМ издаде евро обврзници во висина од 150 милиони евра, а во тоа време нити се покачуваа пензиите, ниту пак навремено се исплаќаа.