Давутоглу: Нема причина за загриженост за „Патриот“

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денеска изјави дека нема причина за загриженост и реакција поради барањето за антиракетниот систем „Патриот“, што Турција планира да го постави на границата со Сирија. Тој додаде дека системот ќе биде поставен само за одбранбена цел. Давутоглу истакна дека системот нема да биде активиран доколку на земјата не и се заканува опасност од ракетен напад.
Претходно, Турција побара од НАТО поставување на ракетниот „Патриот“ систем „земја-воздух“ за да ја заштити својата граница со Сирија, при евентуално излевање на конфликтот надвор од границите.