Шпанија го одби барањето на ЕТА за преговори

Шпанската влада го одби барањето на баскиската сепаратистичка група ЕТА за мировни преговори и побара групата да се распушти без никакви услови, откако ЕТА побара преговори за затворениците и предавање на оружјето. ЕТА во соопштението што го објави еден весник, е наведено дека групата сака да започне мировни преговори со шпанската и француската влада со цел прекин на воените операции. Министерот за внатрешни работи Хорге Фернандез Диаз изјави дека единственото соопштение од ЕТА што го очекува е нејзино целосно безусловно распуштање затоа што, како што вели, нема да преговараат со терористички организации.