Изгасен пожарот во Стејт Департментот

Американските власти соопштија дека тројца вработени се повредени при пожарот што изби вчера во седиштето на американскиот Стејт департмент, за време на реновирање на објектот. Портпаролот на Стејт департментот соопшти дека пожарот избил кога работниците на 8 кат на зградата се обиделе да ја менуваат изолацијата. Повредените се хоспитализирани и не се во животна опасност. Во соопштението е наведено дека дел од вработените биле накратко евакуирани додека го се санирале проблемот, но подоцна се вратиле на работа.