Иран смета дека „Патриот “ ќе ја влоши кризита во Сирија

Иран соопшти дека поставувањето на антиракетниот систем Патриот на турската територија во близина на Сирија само ќе ги зголеми тензиите околу кризата во Сирија. Иранското министерство за надворешни работи соопшти дека потегот на алијасната нема да помогне во решавањето на кризата, туку само ќе ја усложни и влоши ситуацијата во Сирија. Турција минатата недела побара од НАТО да го постави антиракетниот систем на нејзината територија со цел заштита од можни напади од Сирија.